Германските медиуми објавија дека Лука Дончиќ пушел цигари, играл карти и пиел кока-кола пред мечот со Германија, кој Словенците убедливо го загубија и си го загрозија местото на Светското првенство.
Дончиќ непрофесионално и опуштено се однесувал ноќта пред натпреварот, но против Германија имаше солидни бројки во својата статистика, 23 поени, 6 скока и 5 асистенции.
Задутре почнува Евробаскетот и Дончиќ и останатите Словенци нема да бидат толку опуштени. Според квотите во Sport Life за МВП на ЕП 2022, ѕвездата на Далас маверикс е еден од тројцата најсериозни кандидати за признанието најкорисен играч, заедно со Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо.
Имате уште два дена да типувате кој ќе биде МВП, листата на кандидати е долга.