Како е можно Дончиќ да не е стартер на Ол-стар меч? Со трипл-дабл приреди ново незаборавно шоу за 10-то место на вечната листа (Видео)

Лука Дончиќ ќе биде резерва на Ол-стар натпреварот во Кливленд на 20. февруари, но со уште една брилијантна партија покажа дека со право многумина се чудат зошто не е избран за стартер во Западната конференција.

Словенецот приреди незаборавно шоу за Далас против Филаделфија со 33 поени, 15 асистенции и 13 скока, што му е 44-ти трипл дабл во кариерата на 22-годишна возраст.

https://twitter.com/NBA/status/1489837031345770497?s=20&t=nFOSrRvoyNvGciK_bqPLeA

Дончиќ веќе стаса на 10-то место на вечната листа со најмногу трипл-дабл ефекти, а има само 22 години. Далас ја победи Филаделфија со 107:98 и се зацврсти на петтото место во Западната конференција со биланс од 30-23.

https://twitter.com/TheHoopCentral/status/1489839882969042950?s=20&t=nFOSrRvoyNvGciK_bqPLeA

Во прекрасна НБА ноќ резултат за паметење напарви и легендарниот Грег Попович. Тренерот на Сан Антонио се радуваше на триумф на Спарс против Хјустон рокитс од 131:106 што му е 1.500 победа вкупно, сметајќи ги регуларниот дел во НБА и плејофот.

Популарниот Поп е првиот тренер во 75-годишната историја на насјилната кошаркарска лига на светот со ефект од 1.500 победи.

Вистински дебакл доживеа еден од главните кандидати за титулата, Бруклин нетс со пораз од 125:102 на гостувањето кај Јута Џез.

За популарните Мрежички ова е седми неуспех по ред, а има интересна статистика дека ниту едне тим со 7 порази во низа во текот на сезоната не успеал да ја освои шампионската круна во НБА, што е лош знак за тимот што ги има трите големи ѕвезди, Дурант, Ирвинг и Харден.

Резултати: Шарлот – Кливленд 101:102, Детроит – Бостон 93:102, Индијана – Чикаго 115:122, Торонто – Атланта 125:114, Сан Антонио – Хјустон 131:106, Денвер – Њу Орлеанс 105:113, Јута – Бруклин 125:102, Далас – Филаделфија 107:98, Портланд – Оклахома 93:96.

 

- Оглас -

Најнови вести