8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Лука Станковски ја продолжува кариерата во Украина

Македонскиот фудбалски репрезентативец Лука Станковски кариерата ја продолжува во Украина. Тој потпиша договор со украинскиот прволигаш Колос од Украина.

Офанзивниот играч за врска ја заокружи епизодата во српскиот клуб Раднички Крагуевац, кој го продаде македонскиот репрезентативец во украинскиот прволигаш.

Лука Станковски направи еден од најголемите трансфери од Првата македонска фудбалска лига, кога од Работнички замина за Турција и потпиша за Газијантеп. Таму никогаш не дочека вистинска шанса, беше на позајмици во Словенија, односно во Турција, по што дојде во Раднички Крагуевац.

Новата дестинација на Лука Станковски сега ќе биде Украина, тимот на Колос.

- Оглас -

Најнови вести