Три клуба, меѓу кои и Газијантеп, чиј член е Лука Станковски се откажаа од настапите во продолжението на сезоната во турскиот фудбал.
Прволигашите Хатајспор и Газијантеп и второлигашот Малатијаспор поради тешката ситуација по земјотресот во Турција одлучија да не продолжат со настапите.
„Додека не ги залечиме раните од разорниот земјотрес не можеме ниту да говориме за фудбале, а не да играме. Тоа е невозможно во вакви услови и исклучително тешка ситуација низ која минува нашиот народ.
Им благодариме на сите што ни даваат поддршка, помогнаа да се спасат што повеќе животи и се уште помагаат на било кој начин“, соопштија од Газијантеп.
Лука Станковски беше во Скопје во моментите кога два земјотреси со сила од 7.8 и 7.7 Рихтери ја погодија Турција, а епицентарот беше на 17 километри од Газијантеп.
За него сега има две опции, или да остане во клубот и да ја чека идната сезона за евентуално враќање на Газијантеп во нормален колосек, или да добие документи и да биде слободен играч со право на избор на друг клуб.