Лука Станковски се израдува на првиот погодок во репрезентативниот дрес на Македонија, погодувајќи за 5:0 против Лихтенштајн. Робусниот напаѓач во игра влезе во 83 минута, но доволно му беа да биде неколку минути на теренот за да постигне гол.
„Имав деби како што може да се посака на домашен терен во репрезентативниот дрес. Прв меч пред нашата публика за мене и веднаш гол. Не се опишува чувството кога ќе дадете гол за Македонија“, вели Станковски.
Тој додаде дека одлично е примен во репрезентацијата, каде владее одлична атмосфера. Сите во нациоланиот тим имаат иста цел, а тоа е пласман на Светско првенство, иако тоа да се оствари, пред Македонија има уште многу тешки препреки. Прва од нив е гостувањето кај Белгија во октомври.
Пред нас имаме уште важни и тешки натпревари. Следно, гостуваме кај Белгија, но ние секогаш одиме на победа. Секако дека имаме реални шанси и против Белгија. Во денешно време секој секого може да победи во фудбалот. Одиме таму да победиме. се надеваме дека ќе го оствариме нашиот голем сон“, рече Станковски по вчерашната убедлива победа над Лихтенштајн.