Саутемптон и Манчестер јунајтед одиграа одлично прво полувреме со четири погодоци и втор дел во кој мрежите мируваа, за 2:2 на стадионот „Сент Мери“, во меч од 14. коло во Премиер лигата.
Домаќините одлично започнаа и поведоа со 2:0, но Манчестер многу брзо возврати. Ромелу Лукаку погоди и го скрши малерот. Белгискиот голгетер немаше дадено гол за Манчестер цели 981 минута, а потоа Андер Ерера погоди за 2:2. Во вториот дел немаше погодоци, па „црвените ѓаволи“ сега имаат 22 бода и се дури 16 бода зад лидерот Манчестер сити.
Саутемптон остана во зоната за испаѓање со само девет освоени бодови.