Лукаку до Златан: Поклони се на новиот крал на Милано

Ромелу Лукаку беше еден од најгласните во прославата на титулата на Интер во Серија А. Белгискиот репрезентативец е и еден од најзаслужните што Нераѕурите за првпат по 11 години станаа шампиони. Лукаку е најдобриот стрелец со 21 гол во 33 одиграни меча сезонава, а покрај одличните потези, сезонава ќе ја памти и по караницата со Златан Ибрахимовиќ.

На градското дерби против Милан, Лукаку и Ибрахимовиќ за малку ќе се степаа, а потоа продолжија со вербални провокации. Сега Лукаку индиректно реши да го испровоцира Ибрахимовиќ, кој секогаш сака да се претставува како крал.

„Вистинскиот Господ го круниса кралот. Сега поклони се. Крал на Милано“, беше пораката на Лукаку на социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести