Ромелу Лукаку е трагичарот на Интер во поразот од 1-0 од Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите.
Се играше 88-мата минута, Манчестер Сити имаше водство од 1-0, а белгискиот репрезентативец успеа да промаши шанса какво што е потешко да се промаши, отколку да се погоди. Се најде осамен на само три метри од голот на Манчестер Сити, доби убава топка на глава, но успеа да го погоди само голманот Едерсон.
Видео плејер
00:00
00:00