Лукаку е вистинско засилување за Интер, Нераѕурите повторно на врвот во Серија А

Интер останува на чело во Серија А и по второто коло, откако Нераѕурите победија на гости кај Калјари со 2:1. Гостите беа фаворити, а тоа го потврдија и со голот на Мартинез во 25-тата минута. Калјари израмни на почетокот на второто полувреме, но во 72-рата минута Ромелу Лукаку од пенал им донесе нова радост на гостите. Погодокот на белгискиот интернационалец се покажа како клучен за триумф на Интер.

Покрај Интер и Јувентус, со максимални шест бода по две кола е и Торино. Во неизвесен меч, Торино победи со 3:2 кај Аталанта, иако на почетокот на второто полувреме домаќините имаа предност од 2:1.

Горан Пандев влезе во 84-тата минута за Џенова, која пред своите навивачи со 2:1 ја победи Фиорентина. Вториот македонски напаѓач кој играше вечерва е Илија Несторовски. Тој беше стартер во тимот на Удинезе и одигра 70 минути во поразот на свој терен од Парма со 1:3.

- Оглас -

Најнови вести