Ромелу Лукаку даде само еден гол во убедливата победа на Интер против Кротоне со 6:2, но и тоа беше доволно за белгискиот репрезентативец да постави клупски рекорд во италијанскиот тим. За Лукаку тоа беше јубилеен 50-ти погодок во дресот на Нераѕурите и тоа во само 70 натпревари.
Никој претходно не успеал да даде 50 голови во толку краток период. Претходниот рекорд за најбрзи 50 погодоци во дресот на Интер го имаше легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо на кого му беа потребни 77 натпревари, што значи дека Лукаку успеа да го подобри рекордот за седум средби.
Сезонава Лукаку даде 12 гола во 14 меча и сигурно е еден од најзаслужните што Интер е со реални шанси да се бори за титулата во Серија А.