Лукаку го замолкна „Паркот на принцовите“, Бернат брзо возврати (видео)

Ромелу Лукаку ја затресе мрежата на ПСЖ во втората минута од реванш-пресметката во осминафиналето од ЛШ и ги врати надежите за Солскјер и неговите соиграчи.

Сепак, водството го имаа само десетина минути, откако Бернат израмни на 1-1 во 12-тата минута по асистенција на Мбапе и дополнително им ги отежна работите на „црвените ѓаволи“.

Одличен почеток на дербито во Париз, допрва се очекуваат возбудувања и изненадувања. Што се однесува до мечот во Португалија, каде што играат Порто и Рома, таму нема промени во резултатот (0-0).

https://www.dailymotion.com/video/x73mrud

 

https://www.dailymotion.com/video/x73ms3p

- Оглас -

Најнови вести