Ромелу Лукаку со голот кој го постигна вечерва во победата на Рома против Шериф, има серија од 12 натпревари по ред во Лигата на Европа на кои постигнува барем по еден гол.
Белгискиот напаѓач низата ја почна во сезоната 2014/2015, кога беше член на Евертон, а погодуваше против Волфсбург и на по два меча против Јанг бојс и Динамо Киев. Во 2020 година како играч на Интер, Лукаку во ЛЕ даваше гол(ови) на два дуела со Лудогорец, како и по еднаш против Хетафе, Баер Леверкузен, Шахтар и Севилја. Сега како играч на Рома ја затресе мрежата на молдавскиот Шериф, а тоа му е 12-ти меч во низа во ЛЕ на којшто дава гол.
Историја испиша Џејмс Милнер, кој стана прв англиски фудбалер што настапил за пет различни англиски клубови во европските натпреварувања. Милнер вечерва беше стартер кај Брајтон со поразот од АЕК.
Милнер во Европа освен за Брајтон, има играно и за Ливерпул, Манчестер сити, Астон вила и Њукасл.