Лукаку и Сенси дебитираа со голови за Интер – Конте запиша сефте победа со Нераѕурите

Интер стартуваше моќно во новата сезона во Серија А, а со деби голови се претставија новите засилувања Стефано Сенси и Ромелу Лукаку. За евроголови и убедлива победа од 4:0 се погрижија Брозовиќ и Кандрева.

Нераѕурите лесно славеа во првиот меч на клупата за Антонио Конте, кој во новата авантура тргна со убедлив триумф.

Марсело Брозовиќ со еврогол во 21-вата минута го трасираше патот кон победата за фаворитот, а само 180 секунди подоцна погоди и Сенси.

Потоа дојде редот и за најголемото летно засилување Ромелу Лукаку, кој погоди во 60-тата минута, а печат на убедливиот старт на 18-кратниот италијански првак стави Кандрева со нов еврогол во 84-тата минута.

За Интер играше и третото големо засилување Николо Барела, а доби шанса од клупата од 66-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести