Лукаку има луда понуда од Саудиска Арабија која тешко може да се одбие

Екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија е единствената која во моментов е расположена да го плати барано обесштетување на Челзи за Ромелу Лукаку, кое изнесува 40 милиони фунти.

Тие испратија и неверојатна понуда до репрезентативецот на Белгија, според која во следните три години доколку се пресели во Саудиска Арабија, ќе заработи 80 милиони евра.

Договорот на Лукаку со Челзи истекува во 2026 година, а моменталната вредност на фудбалерот е 40 милиони евра. Тој во Лондон се пресели пред две години за обесштетување од 113 милиони евра, сума која Челзи му ја плати на Интер.

- Оглас -

Најнови вести