Рома вечерва на „Олимпико“ во Рим го победи Фрозиноне со 2-0, но и после втората победа сезонава, понатаму е под Фрозиноне на табелата во Серија А после седум одиграни кола.
Првиот гол го постигна Ромелу Лукаку, кој откако ја затресе мрежата на гостите, не се радуваше. Многумина се прашуваа зошто Белгиецот не прославува, а причината беше тоа што Лукаку не беше сигурен дека голот е регуларен.
Дури откако од ВАР собата потврдија дека немало офсајд, Лукаку ги крена рацете, но и тогаш не се израдува нешто премногу на својот 60-ти гол во Серија А во кариерата.
https://twitter.com/i/status/1708559563241173133