Симпатизерите на Интер од познатата група Curva Nord истакнаа транспарент со поддршка за Ромелу Лукаку пред дербито на Италија, вечерва од 20.45 часот против Јувентус во полуфиналето на Купот на Италија.
Белгиецот нема да игра поради жолти картони, но ќе биде подготвен за реваншот на 9 февруари, кога се очекува и одлуката за финалистот во Копа Италија.
„Главата горе и градите напред. Горди сме на тебе Лукаку“, пишува на транспарентот истакнат пред „Џузепе Меаца“, каде што вечерва ќе го почнат својот полуфинален двомеч големите ривали, Интер и Јувентус, а влогот е пласман во финалето на Италијанскиот куп.
"Testa alta, petto in fuori. Romelu fieri di te". #Inter, lo striscione della Curva Nord per #Lukaku – #Fcinter1908 pic.twitter.com/jYFRQrv7ko
— Daniele Mari (@marifcinter) February 2, 2021
Алузијата е јасна, се однесува на инцидентот во кој за малку и ќе се степаа Лукаку и Ибрахимовиќ на четвртфиналниот меч во Копа Италија.
Имаше и пцовки и навреди меѓу двајцата фудбалери, а дури се пишуваше дека Ибрахимовиќ го навредил црномурниот шпиц на Интер на расна основа.
Првиот дуел од полуфиналниот двомеч меѓу Интер и Јувентус ќе се игра од 20.45 часот, а реваншот е во Торино на 9 февруари.
Во второто полуфинале утре ќе играат Наполи и Аталанта, прво во Неапол, а потоа и во Бергамо.