Ромелу Лукаку погоди во 32-рата минута и го реши второто полуфинале на Светскиот клупски куп во корист на Челзи, екипа што ќе има нова шанса по 10 години да го освои првиот пехар на ФИФА.
Ал-Хилал не успеа да се избори за прво финале на мечот што се играше во Абу Даби.
Лукаку по малку повеќе од половина час игра успеа да погоди од близина и голот беше победнички за Челзи.
https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1491457840820944898?s=20&t=_mBaHwaYFbU0CEv6wBz6ag
Премиерлигашот повторно ќе има противник од Бразил во финалето, а ривал за пехарот ќе им биде Палмеирас, кој го победи Ал-Ахли со 2:0 во првото полуфинале.
За Палмеирас ова е прво финале на Светскиот клупски куп, а Челзи еднаш не успеа да го освои пехарот и во 2012 година беше поразен во завршниот меч од Коринтијанс.
Во меч за тртетото место ќе играат Ал-Ахли и Ал-Хилал.