Неуспехот на Светското првенство во Катар, донесе смена на белгискиот селектор Роберто Мартинез кој седум години беше на кормилото, а Црвените ѓаволи уште немаат најдено негов наследник.
Ромелу Лукаку кој е една од главните белгиски ѕвезди, смета дека нов селектор треба да биде Французинот Тјери Анри, кој досега му беше помошник на Мартинез.
„За мене нема дилеми, Анри е следниот селектор на Белгија. Го кажувам ова отворено, тој ќе биде следниот селектор. Сите играчи го почитуваат, тој е човек што освоил сè, знае што ни треба за да победуваме, а ја познава и тренерската работа. Плус тоа го познава тимот, нашата лига, мислам дека е перфектен за селектор на Белгија. Не знам кој ќе биде избран за селектор, но и ние и федерацијата не сакаме огромни резови и почеток од нула, иако оваа генерација не освои ништо“ – вели Лукаку.