Трансферот вреден повеќе од 100 милиони евра на Ромелу Лукаку во Челзи се покажа како погрешен потег и за клубот, но и за самиот фудбалер.
Белгискиот напаѓач разочара со своите настапи и воопшто не се вклопи во стратегијата на Томас Тухел, па затоа врши напори експресно да се врати во Интер, каде што ги пружи своите најдобри партии.
Лукаку уште од декември минатата година воспоставил контакт со неколку поранешни соиграчи на Нераѕурите, како и тренерот Инѕаги, наводно разговарал и со управата на клубот во обид да ги убеди да го откупат назад од Сините.
Медиумите од Островот тврдат дека можно е Интер да понуди двегодишна позајмица со опција за откуп, но сè зависи од цената бидејќи Челзи има намера да врати барем дел од погрешно проценетата инвестиција.
Инаку Лукау вечерва ќе го пропушти дуелот на Белгија против Полска во Лигата на нациите поради повреда на глуждот.