Лукаку погоди во 119-тата минута и го одведе Интер на мегдан против Милан (Видео)

Интер се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија откако по голема борба и 120 минути игра, успеа да ја елиминира Фиорентина. Нераѕурите славеа со 2:1, а голот за пласман во следната фаза го постигна Ромелу Лукаку во 119-тата минута.

Гостите од Милано добро го започнаа мечот и доминираа во првиот дел. Сепак, до водство за фаворитот се чекаше до 40-тата минута. По преглед на една спорна ситуација, ВАР-системот потврди дека имало пенал за Интер, а Артуро Видал беше прецизен за 1:0.

На почетокот на вториот дел, Интер пропушти добра шанса да ја зголеми предноста, но Лаутаро Мартинес промаши зицер од неколку метри. Казната стигна во 57-мата минута, кога Кристијан Куаме со одличен погодок израмни на 1:1. До крајот на регуларните 90 минути немаше промена, по мораа да се играат дополнителни 30 минути игра.

Во 119-тата минута, односно на 100-тина секунди пред да биде означен крај и да се шутираат пенали, Лукаку го искористи невниманието на домашните бекови и со глава погоди за победа на Интер од 2:1.

Во четвртфиналето, Интер за противник ќе го има Милан, кој синоќа дури по подобро изведување на пенали, го елиминира Торино.

 

- Оглас -

Најнови вести