Лукаку погоди за историја во Серија А

Со двата гола на Ромелку Лукаку, Интер стигна до победа на гостувањето кај Удинезе од 2:0 и продолжува со притисокот врз Јувентус во трката за титулата. Нераѕурите дури во второто полувреме го скршија отпорот на домаќините. Лукаку погоди во 64-тата минута, а седум минути подоцна беше прецизен и од пенал.

Со овие два гола Лукаку постави еден рекорд во Серија А. Откако се доделуваат три бода за победа, Лукаку е првиот играч во Серија А што успеал да даде 11+ голови во 11 гостувања.

Со оваа победа Интер стигна до 51 бод, три помалку од лидерот Јувентус. Нераѕурите се одлични на гостувањата и остануваат единствен тим без пораз, со девет победи и само две нерешени.

- Оглас -

Најнови вести