Лукаку после 636 дена даде гол во Милано, Интер со минус 15 е најблиску до Наполи (Видео)

Интер го победи Удинезе со 3-1, по што Нераѕурите од Милано се осамостоија на второто место на табелата во италијанската Серија А, со три бода пред Милан.

Првиот гол за Интер го даде Ромелу Лукаку од пенал, и тоа беше прв погодок за Белгиецот во Серија А после пауза од 189 дена, а ако се сметаат мечевите само во Милано, Лукаку заврши пост од дури 636 дена без погодок на домашен терен. И тогаш, во мај 2021, Лукаку истотака во Милано погоди против Удинезе.

Мхитарјан го даде клучниот гол за 2-1, а Лаутаро Мартинез кој вечерва беше на клупа за резерви и подоцна влезе во игра, ги постави конечните 3-1.

- Оглас -

Најнови вести