Лукаку: Пред да дојдам во Италија, се консултирав со Роналдо

Ромелу Лукаку засега ги оправдува средствата кои Интер ги вложи за неговите услуги. Белгискиот репрезентативец очекувано стана клучен играч во тактиката на Антонио Конте, а ако се земе предвид неговиот учинок, може да се каже дека Лукаку лесно се адаптира на италијанскиот фудбал.

Пред да ја оствари преселбата од Манчестер во Милано претходното лето, Лукаку откри дека се консултирал со Кристијано Роналдо околу Серија А, а Португалецот го предупредил дека во оваа лига е најтешко да се постигнуваат погодоци.

„Кристијано е еден од ретките фудбалери кои доминирал во повеќе лиги низ Европа. Кога разговарав со него, ми кажа дека во Серија А се игра најцврстата одбрана, а штом човек со повеќе од 500 погодоци ќе ви каже такво нешто, тогаш е во право. Ми призна дека во Италија е многу потешко отколку во Шпанија или Англија и можам да потврдам дека тоа е вистина“, истакна Лукаку.

Белгиецот досега реализира 14 погодоци на вкупно 22 натпревари за Нераѕурите, од кои 12 се во Калчолигата.

- Оглас -

Најнови вести