Ромелу Лукаку веќе неколку месеци наназад јавно говори дека не е задоволен во Челзи и дека посакува да се врати назад во Интер.
Белгискиот напаѓач никако да се снајде на Стемфорд Бриџ и тоа по втор пат во својата кариера, а сегашната криза во која што се најде Челзи му овозможува лесно да си замине од клубот.
Доколку британската влада му дозволи на Челзи да продолжи да функционира, Лукаку ќе побара трансфер во МИлано, а Интер и Челзи би се договориле за многу помала сума од таа минатото лето кое што ја плати тимот од Лондон.
Доколку, пак, британската влада не му дозволи да функционира на челзи и тимот остане под рестрикциите поради руската инвазија во Украина, Лукаку преку судски спор ќе бара раскин на договорот и тогаш Челзи нема да добие никакво обесштетување за тоа што напаѓачот би се вратил во Италија.
Лукаку на 18 натпревари за Челзи сезонава има постигнато пет погодоци.