Лукаку во Интер до сега, колку во Манчестер за цела ланска сезона

Интер е лидер во италијанската Серија А, а еден од најзаслужните за тоа, секако е играта на Ромелу Лукаку. Белгискиот репрезентативец игра одлично и е вистински лидер на теренот, а се покажа дека трансферот во Интер му е вистински потег.

Колку за потсетување Лукаку минатата сезона се мачеше да ја најде посакуваната форма во Манчестер јунајтед. За Црвените ѓаволи даде 12 голови за цела сезона, а таа бројка сезонава ја достигна во дресот на Интер уште во првата половина од првенството.

Дека Лукаку е опасен од сите страни покажува и фактот дека погодува на секој начин. Шест голови даде со лева нога, четири пати погоди со десна, а два пати беше прецизен со глава. Моментно е втор стрелец во лигата, а пред него е само Чиро Имобиле од Лацио кој има пет погодоци повеќе.

Дека на Лукаку не му е најважно само да дава голови, туку и да ги направи среќни соиграчите, покажа на вчерашниот меч против Џенова, кога му дозволи на 17-годишниот тинејџер да го изведе пеналот.

- Оглас -

Најнови вести