Минатата сезона во Лигата на шампионите беше доста интересна и возбудлива, особено изненадувачки беше походот на Ајакс до полуфиналето. Копјаниците беа многу блиску и до пласман во големото финале, но во реваншот против Тотенхем загубија со 2-3 во последните секунди откако Лукас Мура реализира хет-трик.
Мура ја сочува топката со која ги одведе Петлите во финалето, а со видео покажа колку му значат топката и тој меч. Бразилецот спие, јаде, игра карти и мие заби заедно со топката, практично никаде не оди без неа.