Лукас Моура направи нешто што не им успеало ниту на Меси, ниту на Роналдо

Бразилскиот фудбалер Лукас Моура со своите три гола во второто полувреме му донесе пласман на Тотенхем прво финале во Лигата на шампионите, а тој стана само вториот играч во историјата кој направил хет-трик на гостински терен во полуфинале. Моура е деснак, а сите три гола ги даде со шутеви со левата нога, што исто така е куриозитет.

До синоќа, единствениот гостински хет-трик беше дело на Хрватот Ивица Олиќ, остварен во 2010 година, при гостувањето на Баерн Минхен кај Лион. Сега на Олиќ му се придружи Моура, со многу позначајни три гола кои значеа пресврт и голема победа обезбедена во последните секунди од мечот со Ајакс.

Тотенхем во финалето на ЛШ ќе се сретне со англискиот ривал Ливерпул, а доколку вечерва во Лигата на Европа исто така две англиски екипи (Арсенал и Челзи) обезбедат финале, тоа ќе биде испишување на историја бидејќи првпат може да се случи во финалињата во двете најсилни клупски натпреварувања да играат тимови од една иста земја.

- Оглас -

Најнови вести