Лукас Пакета, кој беше обвинет дека намерно добивал жолти картони за негови блиски пријатели и роднини да остварат добивки во обложувалници, според најновите информации ќе добие ослободителна пресуда.
Истражната постапка започна во август 2023 година, а ФА на Англија поднесе обвинение во мај 2024, наведувајќи четири конкретни ситуации во кои Пакета добил жолт картон. Се шпекулираше дека го очекува сериозна санкција, од неколкугодишна суспензија, па дури и доживотна забрана за играње.
Сепак, независната комисија треба да ја соопшти конечната одлука следната недела, а сигналите се дека Бразилецот ќе биде ослободен од вина. Доколку тоа се потврди, тој би требало да добие околу еден милион фунти како компензација за покривање на адвокатските трошоци.
И покрај тоа, Пакета изгуби потенцијално голем трансфер. Во летото 2023 година Манчестер сити беше подготвен да ја плати неговата откупна клаузула од 85 милиони евра, но скандалот ја стопираше зделката. Малку е веројатно дека Сити повторно ќе се обиде да го ангажира.