Аталанта го разби Емполи со 5-0, немаше никаква неизвесност на мечот, па најголемо внимание и реакции предизвика моментот од 76-та минута кога Адемола Лукман излезе од игра и не се поздрави со тренерот Џанпјеро Гасперини.
Лукман даде два гола против Емполи, сега има 11 погодоци сезонава во Серија А, и во моментов е единствен фудбалер кој дал 10 или повеќе голови во секоја од последните три сезони во италијанскиот шампионат.
Аталанта е на само три бода минус во однос на лидерот Интер, и има шанса за титула, и покрај лошата атмосфера која ја предизвика тренерот Гасперини кој после мечот со Клуб Бриж даде несреќна изјава дека Лукман е еден од најлошите изведувачи на пенали кои ги видел и најдобриот фудбалер на Аталанта му се налути. Гасперини веројатно уште летово ќе треба да си замине од клупата, иако има договор до јуни 2026 година.
Дека е лут, Лукман покажа и денеска, кога излезе од игра се поздрави со сите соиграчи на клупата и со помошникот тренер, но не и со првиот тренер Гасперини.