Лукман лудило во Бергамо, новороденче го доби името по херојот на Аталанта

Не е ретко да се случи фудбалските фанатици имињата на своите деца да им ги даваат во чест на најдобрите играчи во светот, па има деца кои се викаат Лионел по Меси, Кристијано по Роналдо, Нејмар или други имиња по најдобрите фудбалери.

Во Бергамо од пред два дена има нов фудбалски херој а тоа е Адемола Лукман. Фудбалерот на Аталанта постигна хет-трик и е најзаслужен за триумфот над Баер Леверкузен во финалето на Лигата на Европа.

Со оваа победа, Аталатна стигна до наголемиот успех во историјата. Прв пат освојуваат европски трофеј, а ова беше и нивни прв голем трофеј во последните 60 години.

Токму затоа, еден навивачки пар на Аталанта решил името на своето новородено дете да го дадат во чест на Адемола Лукман. Во малото место Палоско кое има околу 5.000 жители и е на 20-тина километри од Бергамо, на градскиот плоштад е објавена веста дека бебето го доби своето име по фудбалскиот херој Лукман.

- Оглас -

Најнови вести