-3.2 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Луксембург по традиција ни е „пациент“, го победуваме во просек со над 20 поени разлика (Фото)

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги продолжува претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 со домашен меч против Луксембург во реновираната сала „Градски парк“.

Нашата селекција со новиот предводник Хозе Марија Берокал ќе се обиде да го задржи максималниот ефект по триумфите над Азербејџан и Ирска, па преку Луксембург да дојде на чекор од освојување на првото место во групата.

Денешниот противник ни е редовен „пациент“, па против Луксембург имаме четири победи на четирите досегашни меча, а во просек сме победувале со над 20 поени разлика.

Во 2004 година на гости ги совладавме со 69:94, додека една година подоцна во „Градски парк“ беше 105:66 за Македонија. Следните дуели беа во 2016 година. Тогаш во Кавадарци славевме со 89:75, а на гости со 74:82.

Сличен развој на настаните се очекува и попладнево од 18 часот, а квотите во Sport Life ја сметаат Македонија за апсолутен фаворит со квота од 1.05 за победа.

- Оглас -

Најнови вести