15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Луксембуршки клуб ќе се офајди од трансферот на Пјаниќ во Барселона

Босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ во следните четири сезони ќе настапува во дресот на Барселона, а финансиска добивка од овој трансфер нема да има само Јувентус, туку дел од колачот ќе добијат и француски Мец и еден анонимен луксембуршки клуб по име Шифланж.

Пјаниќ е роден во Тузла во 1990 година, но по започнувањето на војната, со семејството се пресели во Луксембург, каде што неговиот татко играше фудбал. Кога наполни седум години, Миралем почна да тренира во клубот Шифланж, а седум години подоцна, на 14-годишна возраст замина во француски Мец. Пјаниќ за првиот тим на Мец дебитираше кога имаше 17 години, а тој настапуваше и за селекциите на Луксембург до 17 и 19 години, пред да реши да игра за сениорскиот национален тим на БиХ.

Се шпекулира дека Мец од трансферот на Пјаниќ ќе заработи малку повеќе од милион евра, а Шифланж ќе добие многу помалку пари, но за него секоја помош е добредојдена.

- Оглас -

Најнови вести