Луксузното Ламборџини во кое загинаа браќата Диого и Андре за помалку од 10 секунди може да развие брзина од 200 км на час

Познатиот португалски фудбалер и ѕвезда на Ливерпул, Диого Жота, загина утрово во сообраќајна несреќа во Шпанија, заедно со својот брат Андре. Тоа е веста што ја шокираше и растажи планетата, која во последните часови се збогува со Жота, која го напушти овој свет на само 28 години.

Сега се појавуваат детали за трагедијата во Шпанија, а странските медиуми објавија и во кое конкретно возило се наоѓал Жота. Станува збор за луксузен супер автомобил Lamborghini Huracan EVO Spyder, кој вреди 210.000 евра.

Ламборџини Хуракан Спајдер е високо-перформансен спортски автомобил кабриолет познат по својот моќен V10 мотор, елегантен дизајн и можноста за искуство со возење со отворен кров.

Клучните спецификации вклучуваат 5,2-литарски атмосферски V10 мотор кој произведува 610 до 640 коњски сили, максимална брзина од околу 325 км/ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за околу 3,1-3,5 секунди, во зависност од моделот. Од 0 до 200 км/ч, може да стигне за неверојатни 9,3 секунди.

Возејќи го овој супер автомобил, Јота и неговиот брат престигнувале друг автомобил кога им пукнала гума, поради што излегле од патот и се превртеле. После тоа, автомобилот се запалил, а за Диого и Андре немало шанси да бидат спасени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести