7.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Љуљ е кошаркарски крал на тесните завршници, денеска со нова магија (Видео)

Легендарниот кошаркар на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, денеска уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите на сите времиња кога станува збор за победнички кошеви.

Реал извојува тешка минимална победа од 71-70 во деветтото коло од АЦБ лигата, против тенерифе откако 38-годишниот Љуљ постигна луд кош во последната секунда од натпреварот и му донесе славје на Кралскиот клуб. 

Љуљ толку често го прави ова што и не се радуваше претерано, додека неговите соиграчи беа повозбудени и се радуваа околу него.

- Оглас -

Најнови вести