Љунберг ветува дека Арсенал ќе игра офанзивен фудбал

Арсенал нареди седум меча без победа, а тоа беше знак дека треба да си замине тренерот Унаи Емери. Пред Емери, во 22 години работа како тренер, Арсен Венгер никогаш немал таква лоша низа без ниту една победа. Сега, на клупата на Топчиите седна Фреди Љунберг, Швеѓанецот кој како играч една деценија беше фудбалер на Арсенал.

Љунберг знае како е да се освојуваат титули во Премиер лигата и во англиските купови, а сега добива шанса да покаже дека е и добар стратег. Како играч беше офанзивно фокусиран, па така е и сега.

„Сакам да играме напаѓачки, но секако не смееме да заборавиме да го заштитиме нашиот гол. Нема да има драстични промени во тимот, но имам свои идеи. Тоа што го научив додека бев активен на теренот е дека среќните фудбалери го играат најдобриот фудбал. Долго време сум во Арсенал и ќе дадам 100 отсто за да му помогнам на клубот повторно да победува“, рече Љунберг пред неговиот прв предизвик како тренер.

Арсенал гостува кај Норвич, тим кој се бори за опстанок и сигурно место на кое Топчиите може да се обидат да стигнат до трите бода.

 

- Оглас -

Најнови вести