23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Лунин говореше на руски јазик и ги разбесни Украинците (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид го најавија полуфиналето од Светското клупско првенство за официјалната страна на клубот. Секој фудбалер го изговори зборот „полуфинале“ на својот мајчин јазик, а Андриј Лунин тоа го направи на руски.

Иако голманот е Украинец, сепак „полуфинале“ го изговори на руски, што предизвика бура од реакции во Украина, со оглед на воената состојба во која се наоѓаат двете соседни земји.

Сопругата на Лунин е од Русинка од Москва, па во нивниот дом се зборува на руски, па можеби и затоа Украинецот одлучи да зборува на руски, а не на украински.

- Оглас -

Најнови вести