Украинскиот голман Андриј Лунин е најуспешен чувар на мрежа во шпанската лига според просечниот број на примени голови по натпревар, но не е во конкуренција за наградата „Замора“ за најдобар голман во Ла Лига сезонава.
За да се биде добитник на „Замора“, голманот мора да брани на барем 28 натпревари во сезоната и тоа на тие 28 меча да бранел минимум 60 минути, а Лунин засега има само 18 и може да стигне најмногу со 26 настапи. Тој прими само 11 гола, во просек прима 0,6 голови по меч, но џабе му е, кога не го исполнува другиот услов за наградата.
Во Шпанија има и голман без примен гол сезонава, тоа е Доминик Грајф од Мајорка, но Словакот бранеше на само еден меч, па и тој не е во конкуренција за наградата.