Љупчо Дориев ја прифати понудата од узбекистанскиот клуб Согдијана

Македонскиот фудбалски репрезентативец Љупчо Дориев својата кариера ја продолжува во клубот Согдијана Жизах во Узбекистан.

По заминувањето од Шкендија, струмичанецот имал атрактивни понуди од странство, а решил ја прифатил онаа од суперлигашот од Узбекистан. Тренер на тимот е Црногорецот Иван Бошковиќ, a во играчкиот кадар имаат и тројца Срби, додека другите се Узбекистанци.

Дориев, кој има 27 години, досега има играно за Хоризонт Турново, Академија Пандев и Шкендија, а за А репрезентацијата на Македонија има седум настапи. Наскоро треба да замине во Узбекистан, по што ќе биде и официјално промовиран.

- Оглас -

Најнови вести