Новиот второлигаш Шкендија 77 од Арачиново се пофали дека официјално нивен нов тренер е Љупчо Марковски.
Популарниот Калц е познато и почитувано име во македонскиот фудбал, со богата кариера како фудбалер и тренер. Поранешниот репрезентативец на Македонија како тренер работел во клубовите Скопје, Работнички, ФК Тетекс и академијата на Вардар.
„Со овој чекор, Шкендија 77 започнува ново поглавје со јасни цели: организација, дисциплина и напредок кон елитата. Визијата е јасна: Шкендија кон Прва лига! Патот бара единство, работа и срце. Иднината започнува сега!“, порачаа од клубот.
Марковски изјави дека е среќен што му се приклучува на сериозен клуб и дека заедно со директорите и играчите ќе работи напорно со цел да се подигне тимот на уште повисоко ниво.