Оставка: Љупчо Марковски веќе не е тренер на ФК Работнички!

Фудбалскиот клуб Работнички, објави дека Љупчо Марковски не е веќе шеф на стручниот штаб на Дебармаалци.

По вчерашниот убедлив пораз од 0-5 од Шкупи, популарниот Калц заминува од функцијата.

„Марковски поднесе оставка од морални причини. На куп-натпреварот што претстои в среда против БВК Коњари тимот ќе го води досешниот прв асистент Стојан Игњатов“ – објавија од Работнички.

- Оглас -

Најнови вести