Икер Касилјас се пофали со новата фризура, а се потшиша на нуларица, што полека станува моден тренд во услови на карантин поради епидемијата со Коронавирусот.
„Ќе пристигнат и позитивни вести. Да останеме сплотени и заедно во битката со Коронавирусот“ напиша легендарниот шпански голман на Инстаграм.
Касилјас патем се приклучи и на акцијата за солидарност што ја покренаа познати шпански асови од калибарот на Рафаел Надал, Пау Гасол и Фернандо Алонсо за да му се помогне на шпанскиот народ, кој трпи огромни загуби во чеовечки животи од Коронавирусот.
Во моментов Шпанија е меѓу најзагрозените земји на светот и по бројот на заразени и по бројот на починати лица од Коронавирус.