Повредата на Микаела Шифрин ја направи интересна битката во генералниот пласман во Светскиот куп во алско скијање за жени.
После денешната победа на слаломот во словенечкиот ски центар Крањска Гора, 20-годишната Зринка Љутиќ изби на чело на поредокот.
Таа е првата Хрватка која победила во Крањска Гора, а по Јаница Костелиќ од пред 19 години, е прва Хрватка која била водечка во генералниот пласман. Денеска е роденден на Костелиќ, полни 42 години, па Зринка победата ѝ ја посвети на Јаница како нејзин идол.