Лутиот ривал од зелените терени го убедил Меси да продолжи да игра за Аргентина

На 26 јуни 2016 година Аргентина загуби од Чиле во финалето на Копа Америка, а Лео Меси објави дека става крај на репрезентативната кариера. Сепак, на 12 август истата година ја промени својата одлука и продолжи да игра за Аргентина, со која го освои Светското првенство во Катар.

Заслугата за продолжувањето на репрезентативната кариера оди кај неговиот голем ривал од фудбалските терени, Диего Годин, со кого водеа битки и кога играа Уругвај против Аргентина, но и во Ла Лига на мечевите помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

„Испаднавме рано од турнирот, па го гледав натпреварот кај родителите. Кога Меси објави дека се повлекува, мојот татко ми рече брзо да му испратам порака да не го прави тоа. Размислував што мојата порака ќе му значи на Меси, но татко ми ми рече дека ќе му значи дека јас сум капитен на Уругвај и негов лут ривал. Веднаш го побарав неговиот број од Луис Суарес и му напишав порака дека поради фудбалот мора да продолжи да игра“, Диего Годин ги раскажа случувањата од тој 26 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести