Фудбалерот на Пачука, Маурицио Исајас, постигна страшно атрактивен гол во мексиканското првенство против екипата на Хуарес.
Исајас удри по топката со цела сила од околу 30 метри, а од пречката, бомбата заврши зад гол-линијата.
За среќа, голот беше регуларен и топката со целиот обем ја мина линијата, што беше потврдено и со ВАР-системот.
Pachuca [2] – 1 Juarez – Mauricio Isais great goal 54′ from soccer
Голот е еден од најубавите на почетокот на 2023 година и ќе биде во конкуренција за наградата на ФИФА, „Пушкаш,,“, што се доделува за најубав погодок во годината.