1001 Лутон – Вест хем (21 ч.)
Историски е овој меч за Лутон затоа што клубот од градчето близу Лондон за првпат игра на свој стадион во Премиер лигата. Во првите две кола Лутон гостуваше кај Брајтон (пораз 4:1) и кај Челзи (пораз 3:0), а сега навивачите на овој тим сигурно ќе очекуваат освојување барем еден бод.
Вест хем одлично ја започна сезоната и освои седум од можните девет бодови во првите три кола.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.84)
1701 Нант – Олимпик Марсеј (21 ч.)
Два тима кои сосема различно ја стартуваа сезоната. Нант освои само еден бод од три кола, а Олимпик е со седум од максималните девет бода што можеше да ги има. Во сите три меча Олимпик постигнуваше по два погодока, што само потврдува дека се работи за екипа со офанзивни карактеристики.
И традицијата е на страната на гостите од Марсеј, кој на последните шест меѓусебни дуели има пет победи и едно реми.
Предлог тип: ГГ3+ (2.15)
1801 Борусија Дортмунд – Хајденхајм (20:30 ч.)
Милионерите од Дортмунд постигнаа само два гола во првите две кола и дуелот против Хајденхајм може да биде одличен за да ја подобрат офанзивната линија. Хајденхајм, кој минатата сезона играше во Цвајте, сега е со два пораза од првите две кола во Бундеслигата и тешко е да се очекува дека би можел да си замине од Дортмунд со позитивен резултат.
Предлог тип: T1 1-3 I & 1-3 II (1.97)
1302 Алмеира – Селта Виго (22 ч.)
Две екипи кои освоија само по еден бод од првите две кола во Шпанија и се во зоната за испаѓање. Алмеира минатата сезона само за еден бод се спаси од испаѓање, но очигледно дека и во новата сезона ситуацијата ќе биде критична за домаќините.
Минатата сезона овие два тима одиграа интересни дуели со по четири гола, па и сега мрежите треба да се тресат.
Предлог тип: ГГ3+ (2.35)
3002 Рома – Милан (20:45 ч.)
Двете екипи со различно расположение го дочекуваат дербито. Рома освои само еден бод во првите две кола, во кои покажа дека има проблеми со одбраната и прими дури четири гола, додека Милан стартуваше одлично и има максимални шест бода.
Римската волчица нема победа на последните седум дуели против Милан, а традицијата вели дека на девет од последните 10 меча двата тима постигнувале голови, а седумпати било ГГ3+, што значи дека треба да има погодоци.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.95)