Течат последните часови од терминот за типување за седмото коло на Спортска прогноза. Прогнозирањето трае до 13.30 часот кога почнува дербито Арсенал – Тотенхем. Според досегашните проценти, за овој пар, фаворити се домашните, бидејќи единица типувале безмалку 60 проценти од играчите.
Во основната Тринаесетка на бесплатната игра, има и други интересни парови, од денешните ги издвојуваме и Интер – Рома (само 8 отсто веруваат во победа на римјаните) и Севилја – Атлетико Мадрид (најмногу се изјасниле за нерешено).
За погодени 13 натпревари, ви следува сами да си изберете подарок од трите предложени премии: Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет, или X Box Series X.
Sport Life и Спорт Манија ги наградуваат и утките. Со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари, а со две утки ви следува ваучер од Sport Life од 500 денари.
Приклучете се доколку не сте го сториле тоа досега.