10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Маалска „фрљока“ ја реши драмата во Каунас, публиката збесна од радост по тројката на Димса пиштолџијата (Видео)

Томас Димса беше еден од јунаците на Жалгирис, тим кој конечно по 7 порази по ред, ја победи Барселона со 73:72 во најдраматичниот меч вечерва во Евролигата.

Драматично беше во текот на целиот меч, на кој Жалгирис имаше 9 поени предност по првото полувреме и на крајот едвај победи.

Веројатно клучен беше кошот за три поени на Димса при резултат 58:57 за Барселона.

Бекот на домаќините погоди страшна тројка кога истекуваше нападот, а како да го извади баскетот од џеб погоди со маалски речник „фрљока шут“.

Драмата продолжи сè до крајот, а посреќни и поумешни беа домаќините и славеа со 73:72 и прекинаа незгодна серија од 7 меча без триумф против Барса.

- Оглас -

Најнови вести