Новото кошаркарско првенство ќе стартува на почетокот на октомври, а веќе се познати и двојките за првото коло и распоредот кој ќе следува во продолжението од шампионатот. На стартот, актуелниот првак МЗТ Скопје Аееодром ќе игра против новиот член на елитата, Маџари.
Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 12 екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло кое стартува на 4 октомври:
ДВОЈКИ 1 КОЛО (4 ОКТОМВРИ)
Феникс 2010 – Ангели
Чаир 2030 – МКК Куманово
Кожув – ТФТ
Маџари – МЗТ Скопје Аеродром
Гостивар – Тиквеш Голден Игл
Работнички – Пелистер
Инаку, официјално оваа натпреварувачка сезона во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со одигрувањето на Суперкупот.
Натпреварот помеѓу шампионот МЗТ Скопје Аеродром и ланскиот финалист во Купот на Македонија, гевгелискиот Кожув, ќе се игра на 28 септември, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

