Маџовска: Мислам дека ќе заплачам кога ќе ги слушнам навивачите како ја пејат химната!

Женската ракометна репрезентација на Македонија од 18 часот игра со Франција во првото коло на Европското првенство, најавите се дека трибините во „Борис Трајковски“ ќе бидат исполнети, и тоа ќе биде посебен момент за ракометарките кои првпат ќе уживаат во таков момент.

„Можам само да замислам како ќе биде. Мислам дека ќе заплачам кога ќе слушнам како публиката е погласна од разгласот додека ја пее химната на Македонија. Одвај чекам, уште сега се ежам“ – вели Симона Маџовска, која е една од најискусните во составот на селекторот Љубомир Савевски.

Македонија цела деценија нема играно на ЕП за жени, ова е голем момент за девојките кои заслужуваат голема поддршка.

- Оглас -

Најнови вести