Македонскиот ракометен репрезентативец Бојан Маџовски, и официјално потпиша едногодишен договор со можност да биде продолжен за уште една, со амбициозниот Ловќен, објавија црногорските медиуми.
Маџовски во Ловќен доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер. Ова ќе биде прво интернационално искуство за репрезентативното крило, кој потекнува од школата на Металург.
Маџовски во Ловќен ќе игра заедно со уште еден ракометар кој минатата сезона го носеше дресот на Е. Пелистер, црногорскиот репрезентативец Мирко Радовиќ.
Ловќен беше активен на трансфер-пазарот и досега потпиша со Иван Перишиќ, Богдан Петричевиќ, Лука Вујовиќ, Филип Борозан, Вук Лакичевиќ, Михајло Шчекиќ и Милорад Бакиќ.